Тринаесетгодишниот Колтон Берет бил здраво, силно и многу активно момче пред да ја прими вакцината гардасил против HPV.
Колтон ги примил последните три вакцини на 1 февруари 2014 година, но во рок од неколку недели бил онеспособен и парализиран од вратот надолу.
Тој бил примен во болница на 17 февруари, каде што минал 88 дена на интензивна нега.
Колтон изјавил дека бил гневен поради тоа што го вакцинирале.
„На лекарите не им е важно што луѓето можат да бидат повредени. Тоа за нив е виц“, изјавил Колтон.
За жал, Колтон повеќе не е меѓу живите, умрел следниот викендот. Сепак, оставил силна порака за другите.
„Морате сами да направите истражување. Не може само да им верувате на лекарите“, напишал во пораката Колтон.
Колтон бил љубител на мотокрос и падобранството, а откако ја примил својата трета доза вакцини против HPV почнал да добива болки во вратот.
На своето последно возење со моторот почнал да чувствува мачнина, а болката во неговиот врат станувала сè поголема. Таа ноќ побарал од својата мајка да му помогне да се напие вода.
„Мамо, можеш ли да ми ја дадеш чашата во левата рака. Не можам да ја користам мојата десна рака како порано. Слаба е“, ѝ рекол Колтон на мајка си.
Тој на крајот се парализирал. Магнетската снимка што ја направиле во детската болница во Солт Лејк Сити покажала воспаление на задниот дел на мозокот и вратот.
Лекарот ги известил за направените снимки одговорните во агенцијата „Vaccine Adverse AEvent Reporting System“ (VAERS), националната програма за вакцини.