(Видео) Жената која го предвиде распадот на СССР ја кажа прогнозата и за 2020
30/12/2019
Евгенија Јувашевна Давиташвили, позната како Џуна, е најпопуларниот пророк од осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век. Во поранешниот СССР важела за вистински феномен, а била позната како руска исцелителка, спасителка, сликарка и астролог.
Евгенија тврдела дека може да ги излечи луѓето од рак, за кратко време да излечи луѓе со скршеници на рацете и нозете. Таа тврдела дека може да им го продолжи животот на луѓето и за повеќе од 100 години.
Починала во 2015 година, на 65-годишна возраст. Евгенија починала од мозочен удар, а била погребана покрај нејзиниот син, кој починал во 2001 година.
Нејзините предвидувања останале запаметени како детални и точни. Во деведесеттите била ректор на Универзитетот за алтернативна медицина во Коломба, а нејзиниот живот останал голема мистерија. Многумина веруваат дека работела за тајни служби, па дури и дека нејзината смрт не била случајна.
Таа за периодот од 2020 година до 2025 година изјавила дека светот го очекува глобална катаклизма, но дека не треба да се плашиме од Трета светска војна.
Ќе има многу тензии, па и покрај тоа што нема потреба од страв од воена состојба, не негирала дека се можни повеќе локални конфликти. Според неа, 2020 година нема да биде нималку розова. Евгенија тврдела дека само преку традиционалните вредности, можеме да доживееме просперитет.
Само неколку дена пред нејзината смрт предвидела пет тешки години. По половина деценија тешкотии, Евгенија изјавила дека луѓето ќе го кренеле својот глас и ќе дојде време на просперитет.
Според нејзино мислење, позитивни промени се можни само ако сите заедно учествуваме во градење нов живот. Кај Евгенија за помош и совет се обраќале голем број моќни политичари и луѓе од целиот свет.
Редовен клиент ѝ бил министерот за надворешни работи на СССР во периодот на Михаил Горбачов, а подоцна и грузискиот претседател Едуард Шеварднадзе. Истовремено, Евгенија го лечела големиот советски режисер Андреј Тарковски, кој тогаш веќе стекнал неформален статус на дисидент.
Доаѓале и припадници на советската врхушка, странски дипломати и нивните жени. Московската елита и голем број советски уметници и светски ѕвезди, како Роберт де Ниро и Марчело Мастројани, исто така често ја посетувале Евгенија. Таа се дружела и со поранешниот руски претседател Борис Елцин.
Евгенија имала толкаво внимание што ја нарекувале советскиот Распутин, споредувајќи ја со исцелителот кој имал толкаво големо и погубно влијание врз судбината на руското царство и династијата на Романови. Подоцна за неа се ширеле гласишта дека учествувала во тајни експерименти на КГБ и дека била непогрешлива во предвидувањето на иднината. Наводно ги предвидела и нуклеарната катастрофа во Чернобл, распадот на СССР и датумот на нејзината смрт.
И покрај скепсата на луѓето од науката, очигледно дека советскиот, а подоцна и рускиот политички врв ја сметале Евгенија за значајна и заслужна личност. Таа неколку пати била наградувана, а добила и Орден за пријателство на народот во 1994 година од Борис Елцин.
Кога починала, од нејзиниот сеф била украдена документација за недвижностите, но и извештаи за кои се верува дека ги содржат мрачните тајни на Кремљ.
Веднаш се наметнало прашањето кој е крадецот и во чиј интерес било да исчезнат исповедите на нејзините пациенти, од Роналд Реган и Леонид Брежњев до Никита Михалков, режисер кој важел за близок до актуелните руски власти, вклучувајќи го и претседателот Владимир Путин.
Користиме колачиња за оптимизирање на страницата. Некои од колачињата се од суштинско значење за работата на страницата, а други помагаат да ја подобриме оваа интернет страница и вашето корисничко искуство. Напомена: задолжителните колачиња се неопходни за користење и пристап до оваа интернет страница.
This website uses cookies to improve your experience while you navigate through the website. Out of these, the cookies that are categorized as necessary are stored on your browser as they are essential for the working of basic functionalities of the website. We also use third-party cookies that help us analyze and understand how you use this website. These cookies will be stored in your browser only with your consent. You also have the option to opt-out of these cookies. But opting out of some of these cookies may affect your browsing experience.
Necessary cookies are absolutely essential for the website to function properly. These cookies ensure basic functionalities and security features of the website, anonymously.
Cookie
Duration
Description
cookielawinfo-checkbox-analytics
11 months
This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics".
cookielawinfo-checkbox-functional
11 months
The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional".
cookielawinfo-checkbox-necessary
11 months
This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary".
cookielawinfo-checkbox-others
11 months
This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other.
cookielawinfo-checkbox-performance
11 months
This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance".
viewed_cookie_policy
11 months
The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data.
Functional cookies help to perform certain functionalities like sharing the content of the website on social media platforms, collect feedbacks, and other third-party features.
Performance cookies are used to understand and analyze the key performance indexes of the website which helps in delivering a better user experience for the visitors.
Analytical cookies are used to understand how visitors interact with the website. These cookies help provide information on metrics the number of visitors, bounce rate, traffic source, etc.
Advertisement cookies are used to provide visitors with relevant ads and marketing campaigns. These cookies track visitors across websites and collect information to provide customized ads.