Властите го ликвидирале поради откриените заговори на вонземјаните и Кенеди

Меѓу многубројните теоретичари на заговор, еден бил прилично неприкосновен.

Американецот Милтон Вилијам Купер првпат во 1988 година изнел неверојатно тврдење во една радиопрограма за постоењето на теориите на заговор, а во нив ги вмешал и американската влада и вонземјаните.

Кога се појавил, малку се знаело за неговото образование и потекло. Се говорело дека служел во војска како известувач на морнарицата за воздушните сили, не бил отпуштен во 1975 година, а токму тој момент бил причината зошто многумина му поверувале.

Тврдел дека поседува документи што ја поврзуваат американската влада со вонземјаните.

Статусот на своевидна легенда меѓу теоретичарите на заговор го добил по објавената книга „Гледај бел коњ“, која многу личи на Библијата.

Сите наведени заговори во книгата се наводно поткрепени со листа на извори, имиња и документи.

Некои од тие теории се:

„Елитата одлучила поради тоа што популацијата мора да се намали и контролира, во најдобар интерес на човековата раса е да се ослободиме од непосакуваните елементи во нашето општество“, е наведено во книгата. Под непосакувани елементи владата на САД, според неговото мислење, подразбира Афроамериканци, Латиноамериканци и хомосексуалци.

Во книгата тој го обвинува некогашниот претседател Двајт Ајзенхауер дека потпишал договор со вонземјаните.

Тоа тврдење го засновал на тајни документи, кои наводно ги читал додека бил член на известувачката служба на морнарицата.

Што се однесува до убиството на некогашниот претседател на САД, Џон Кенеди, Купер изјавил дека до него стигнала информацијата кога Кенеди наводно планирал во јавноста да го обелодени присуството на вонземјаните. Агент на тајната служба наводно го убил Кенеди, а убиството го подметнал Ли Харви Освалд.

Неговата книга била толку популарна што можела да се купи во многу книжарници не само оние наменети за теоретичари на заговори. Купер станал толку познат што почнал да дава интервјуа и за Си-ен-ен.

Подоцна се оддалечил од приказните за вонземјани и ги прилагодил своите теории на други противници на владата.

Тогаш, почнал неговиот пад. Властите почнале да го истражуваат, затоа што во книгата наводно ги повикал милитантите во Оклахома да „станат и се борат“, па се сомневале дека е поврзан со бомбашкиот напад во Оклахома сити во 1995 година.

 

 

 

Во 1998 година, обвинет е за затајување на данок, но тука не бил крајот. По низата инцидент, вооружени напади и закани од страна на локалното население, полицијата на 5 ноември се решила да го уапси. Но, тој бил одлучен да не се предаде. Пукал и убил еден полицаец, а после тоа полицијата го усмртила.

Не се најдени никакви документи кој ги потврдиле неговите тврдења, и дека бил известувач и дека имал увид во тајните документи. Тоа што е потврдено е дека се борел со војската во Виетнам, и дека добил два медала.

 

Scroll to Top