Воен метеоролог признава дека авиони нè прскаат со алуминиум

Станува сè потешко да се убедат луѓето дека хемитрејлс е теорија на заговор кога дури и самите метеоролози зборуваат на националните телевизии за геоинженеринг во време додека ги прикажуваат временските прогнози.

Геоинженерингот подразбира распрашување материјал како алуминиум, бариум или пластика во атмосферата поради претпоставката дека на тој начин ја заштитува планетата од глобално затоплување.

Ако пред неколку години сте ги набљудувале белите линии над  вашето небо и сте теоретизирале дека тоа се хемикалии, би биле исмевани од јавноста. Сега од вас се очекува да верувате дека шприцањето аеросол во атмосферата може да ја спаси планетата.

Дури и метеоролозите отворено признаваат дека тоа се случува. За време на еден временски извештај на метеоролошката станица на Западниот брег на САД еден од метеоролозите вели:

„Ги гледате оние оддалечени облаци во форма на линии што се движат низ регионот? Тоа не е дожд, тоа не е снег. Верувале или не, тоа се воени авиони кои ослободуваат ситни парчиња алуминиум. Понекогаш станува збор за пластични или метализирани производи од хартија, кои се користат за антирадарско надгледување.

По тоа дополнува:

„Тие нема да сакаат да го признаат тоа, но бев со години меѓу маринците и сега ќе ви кажам дека тоа е вистина“.

Во едно друго видео од Флорида метеорологот укажува на големо сино подрачје на картата и вели: „Тоа е тоа што го нарекуваме воени снегулки, војската ослободува некои нешта во атмосферата, јас го знам тоа“.

Уште еден видеозапис од метеоролог од Јужна Калифорнија вели дека снегулките се секаде над подрачјето и им им пречат на нивните сателити.

Што сè лета во воздухот што ние го дишеме?

Најлошо од сè е што метеоролозите безгрижно зборуваат на оваа тема, како тоа да е најоригиналната работа на светот.

Високата изложеност на алуминиум може да предизвика проблеми во дигестивниот систем, проблеми со коските, бубрезите и мускулите, а поврзана е со Алцхајмерова болест и други проблеми поврзани со мозокот.

Соларниот геоинженеринг може да создаде повеќе проблеми отколку што може да реши.

Малку по малку, ние почнуваме да веруваме дека тоа е навистина добро за нас, а можеби ваквото постојано коментирање на оваа тема од страна на метеоролозите има за цел да ги намали стравовите на луѓето од геоинженерингот.

Но, распрашувањето на споменатиот диоксид во нашата атмосфера не е решение за проблемите на нашата планета.

Панелот на националната академија на науки извести минатата недела дека соларниот геоинженеринг едноставно не може да се смета за замена за намалување на емисијата на стаклени плинови, затоа што не се занимава со коренот на причините на климатските нарушувања и нема да го неутрализира закиселувањето на океаните.

Еднаш кога ќе почне мора да продолжи и да трае со векови или може да има сериозни последици за животот на нашата планета.

Меѓународното тело би морало да ги надгледува за да се увери дека се придржува на сите насоки затоа што наглото прекинување на овој процес би било поразувачки за животот каков што го знаеме.

 

Scroll to Top