(Втор дел)
Новинарка на Си-ен-ен: Сите медиуми ве лажат!
Во последно време сè повеќе новинари јавно излегуваат со вистината за медиумите кои во голема мера се платени да креираат јавно мислење, дури и да лажат ако е потребно. На тоа предупреди и новинарката Амбер Лион, која работела за Си-ен-ен и дала отказ кога сфатила дека од неа се бара само едно, да пишува лаги. Иако и претходно се сомневала, се уверила кога Си-ен-ен одбил да известува за систематското мачење и убивање мирни демонстранти од страна на владата на Бахреин, нешто за кое и самата просведочила кога во 2011 година од телевизијата ја испратиле на теренска задача.
Како што вели, нејзиното известување за настаните во Бахреин го спречила Владата на САД, во соработка со Владата во Бахраин. Лион го ризикувала својот живот за да известува во Бахреин, додека во исто време друга новинарка на Си-ен-ен снимала платен пропаганден извештај за тоа како лидерите на Бахраин претставуваат група пријателски продемократски реформатори.
Владата на Бахреин во соработка со Владата на САД му платила на Си-ен-ен бруталниот режим и масакр да ги прикаже како демократија. Сфатила дека тоа не е новинарство туку станува збор за многу опасна манипулативна реторика чии последици се случуваат поради тоа што светот не ја знае вистината.
Подоцна дознала дека и Кина, како и други авторитарни режими, го плаќа Си-ен-ен, но и други медиумски куќи да креираат лаги.
„Состојбата е неверојатна, сè е лага“, изјавила Лион и додала дека оружјето на Си-ен-ен е масовна деструкција за која не сме свесни. „Тие повторуваат лаги повторно и повторно. Колку тие лаги и да се бесмислени, кога ќе се повторуваат неколкупати, стануваат вистина. Отворете ги очите!“
Германски новинар: „Морав да го вовлекувам светото во Трета светска војна!“
Дека манипулацијата на медиумите е исклучително опасна по човештвото, предупреди германскиот новинар Улдо Улфкоте, кој излезе од коруптивната струја и призна дека бил платен со своите текстови да ги хушка народите во Европа на војна. Работел во престижни германски медиуми, но во еден момент ја открил шокантната вистина за манипулацијата на целокупното човештво, намерата со сила и преку пропаганда да се вовлече светот во Трета светска војна.
„Бев новинар 25 години кога ме обучуваа да лажам во текстовите и како од вистината да направам лага на начин јавноста никогаш да не дознае што навистина се случило“, изјави тој во своето јавно обраќање.
Тој одлучи да напише книга во која ќе опише како функционираат медиумите во Европа, поради што, како што вели, можел да исчезне од оваа планета.
„Последните неколку месеци одлучив да расчистам со лагите и на јавноста да ѝ кажам како американските и германски/европски мејнстрим медиуми брутално лажат за да предизвикаат војна со Русија. Тоа е поентата на сето ова, а враќање од истото нема. Сега сакам да признаам дека не е в ред тоа што го правев во минатото.
Јас не сакам војна повторно, и тоа е причината поради која излегов од лажливата пропаганда. Морате да знаете дека војната не се случува сама од себе. Луѓето тајно ги хушкаат на војна и тука политичарите се помалку важни. Во тоа најмногу учествуваат медиумите и новинарите кои се обучени за тоа, кои се обучени како лагата да ја пласираат како вистина.