Жена исчезната на Денот на вљубените пред 45 години до ден-денес не е пронајдена, сопругот бил единствен осомничен

Полицијата во Велика Британија објави дека до ден-денес работи на неразјаснетото убиство на Хелен Хупер, која исчезнала на Денот на вљубените пред 45 години.

Таа последен пат била видена во својот дом во Хартфордшир на 14 февруари 1976 година и никогаш повеќе не била видена, пренесува Би-би-си. Нејзиниот сопруг бил обвинет за убиство, но случајот против него бил отфрлен. Нејзиното тело никогаш не било пронајдено.

Полицијата потврдила дека случајот останал неразрешен, но дека и понатаму ќе биде предмет на преиспитување. Хелен го запознала Валтер Хупер кога имала 16 години.

Тој тогаш имал 50 години. Двајцата се венчале во Лондон во 1962 година кога таа имала 17 години. Потоа добиле три деца. Валтер веќе имал син и ќерка од претходните бракови.

Нивниот брак бил тежок, а Хелен наводно трипати се обидела да го остави сопругот. Хелен предавала во едно училиште, каде што го запознала колегата Колина Карк.

Полицијата верува дека таа планирала да почне да живее со него, а наводно сакала тоа да му го соопшти на сопругот на 13 февруари 1976 година. Истражителите веруваат дека не се состанала со Кларк на 14 февруари, како што планирала.

„Знаеме дека планирала да го остави сопругот и да почне живот со Кларк. Но, тоа утро, кога требало да се состане со него, таа не се појавила и оттогаш не е видена“, изјавил детективот Џон Њутон на 26 јуни 1976 година.

Полицијата во Хартфордшир изјавила дека Валтер Хупер, кој тогаш имал 63 години, е обвинет за убиство, а на сослушувањето во октомври истата година обвинителот изјавил дека еден од неговите синови се разбудил во текот на ноќта и ги слушнал родителите како се караат.

Обвинителот тврдел дека по кавгата, Хупер ја убил својата сопруга и го фрлил нејзиното тело, а на децата следниот ден им кажал дека мајка им заминала да пазари. Службите изјавиле дека Хупер не изгледал загрижено кога таа не се вратила и дека повикал полиција дури кога нејзините родители инсистирале и го принудиле на такво нешто.

На имотот биле најдени траги од нејзината крв, кои се претставени како доказ. Валтер Хупер починал во 1996 година, а според неговата изјава, Хелен последен пат ја видел на 14 феврари утрото кога еден маж во автомобил застанал пред нивната куќа, а таа влегла внатре со него.

Тој изјавил дека не го познавал човекот со кого Хелен заминала и тврдел дека не знаел ништо за Кларк. По осум дена сослушување, случајот против него бил отфрлен. За нејзиното убиство никој потоа не бил обвинет, а случајот е отворен до ден-денес.

 

 

 

 

 

Scroll to Top