Очевидец тврди дека жена на музичкиот фестивал предупредила за настанот пред да се случи најголемиот масакр во историјата на САД.
„Вие ќе умрете вечерва“, се слушнале извици од женски глас четириесет и пет минути пред да почне пукањето.
Во масакрот загинаа најмалку 50 луѓе, а повеќе од 400 завршија во болница откако вооружен напаѓач, идентификуван како 64-годишниот Степан Падок, отвори оган врз народот на музичкиот концерт „Route 91 Harvest“, од другата страна на улицата од хотелот „Манделеј беј“, на јужната страна во Лас Вегас.
Интересно, но по интервјуто со сведокот кое излезе во јавност почнаа да се поставуваат голем број прашања. Во интервјуто сведокот тврди дека видел жена која се турка до првиот ред на концертот околу 45 минути пред да почне пукањето и почнала да вреска укажувајќи на тоа дека сите наскоро ќе бидат мртви.
„Имаше една дама која почна да се турка до првиот ред и почна да се расправа со друга жена. Ни рече дека сите ќе умреме вечерва. Тоа се случи околу 45 минути пред да почне пукањето“, вели сведокот.
Истражителите изјавија дека ја идентификувале жената која патувала со Падок како Марило Данли, и дека ќе ја испрашуваат.
Сведоците ја опишале жената од мексиканско потекло која им говорела на сите дека ќе умрат вечерта.
Според полицијата, Данли не била со Подок кога се пријавила во хотелот „Манделеј беј“. Од разговорите кои полицијата ги имала со неа, не верува дека Данли е вклучена во масакрот.
„Си-ен-ен“ известува дека таа не била во земјата кога дошло до пукање. Полицијата потврдила дека била сместена на Филипините што значи дека идентификувала погрешна личност.
Изворите велат дека убиецот бил лоциран на 32. кат во хотелот „Манделеј беј“, од каде било отворен оган по љубителите на концертот, според „Лас Вегас журнал“.
Во моментов сè уште се утврдува дали убиецот си го одзел животот или бил убиен од страна на полицијата. Полициската управа во Лас Вегас и шерифот Џосе Ломбардо изјавија дека полицијата открила десетина видови огнено оружје во собата во хотелот.
Ломбардо се обидел да го отфрли сомнежот дека постојат двајца напаѓачи тврдејќи дека добиле лажна пријава за повеќе напаѓачи и употреба на експлозив.
Полицијата исто така соопштила дека нема сознанија за тоа дали Падок имал врска со тероризмот, но на „НБЦ њуз“ овој чин беше карактеризиран како терористички напад.
Тоа е во спротивност со неодамнешните соопштенија во кои ИСИС ја презема одговорноста за нападот.
Изјавата ја објави пропагандната агенција „Амаг“ тврдејќи дека напаѓачот бил војник од Исламската држава.
Во друга изјава ИСИС тврдеше дека масовниот убиец преминал во исламот неколку месеци претходно.
Падок не бил познат на федералните власти, но ѝ бил познат на локалната полиција.
Теоретичарите на заговори сега се прашуваат која жената која наводно предупредила на заканата пред да се случи најголемото масовно убиство во историјата на САД, каде ја однеле чуварите откако ја испратиле надвор од концертот, и дали има некаква евиденција за сето ова.