Зошто сестрата на Ким Џонг Ун не смее да дава изјави во јавноста

Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, Ким Јо Џонг, речиси никогаш во својот живот нема дадено јавно официјална изјава. Некои заговорници сметаат дека причината се крие длабоко вкоренета во традицијата и комплицираните игри кои ги играле минатите диктатори.

Јо Џонг, единствен пат кога била видена како дава изјава, беше периодот од неодамна, кога голем дел од светските медиуми шпекулираа дека нејзиниот брат е мртов или дека е сериозно болен и се наоѓа на апарати и полека умира во болница. За Ким Јо Џонг, се верува дека би можела да го наследи нејзинит брат, по неговата смрт.

И покрај потенцијалниот развој на настаните, малку се знае за Ким Јо Џонг, па воопшто и целото владејачко семејство на владетелот. Тоа е затоа што единствените информации кои се собрани за ова семејство, потекнуваат од сателитски снимки, изјави на бегалци, силно цензурирани соопштенија за јавноста, која ги дистрибуира нацијата.

Засега е познато дека Ким Јо Џонг е најмладата ќерка на сега веќе починатиот лидер на државата Ким Џонг Ли, и е третото дете на неговата втора сопруга.

Дури и нејзината старост е доведена во прашање, а американското министерство за финансии, смета дека нејзината година на раѓање е 1989 година. Јужна Кореја од друга страна тврди дека тоа е 1987 година, но тајната држава, ги нема објавено дополнителните детали.

Администрацијата на Доналд Трамп, ја објави нејзината година на раѓање, откако во 2017 година, сестрата на Ким се најде на црната листа поради тешките кршења на човековите права, заедно со други лица од Северна Кореја.

Откако Ким Јо Џонг, за првпат настапила во 2011 година, кога е видена како стои покрај нејзиниот брат, се јавија голем број шпекулации за нејзиниот живот.

Се верува дека таа е школувана во Швајцарија, исто како и Ким Џонг Ун, каде можеби студирала компјутерски науки. Од тогаш е видена неколкупати со лидерот и забележано е дека е почестена со идентичен накит и имот, што би можело да се смета за нејзина рамноправна положба во режимот.

Ким Џо Џонг раководела со Одделението за пропаганда и агитација од 2014 година, што претставува најважна улога во нацијата. Владеењето со пропагандата произведува материјал за да се осигура населението и понатаму да го обожава својот лидер и да обликува наратив во своите легендарни митови кои стојат зад нив.

Неколку познати тврдења за основачот на Северна Кореја Ким Ли Сунг, вклучувале и дека тој може да командува со небото и земјата и да ги претвори боровите игли во мети и зрното песок во ориз.

Истата улога во пропагандата ја имал и таткото на Ким Јо Џонг, Ким Џонг Ил, кој таа положба ја искористил да го узурпира правото на двата постари браќа и сестри.

Крис Микул, автор на книгата „Моите најдраги диктатори“, од 2019 година, објаснил дека, иако никој не сметал на Ким ЏОнг Ил, за време на надметнувањето, тој на паметен начин ги заобиколил наследниците на неговиот татко.

„Се покажал како налојален следбеник на својот татко во земјата и главен толкувач на своите мисли“, напишал Микул.

Се чини дка Ким Јо Џонг, ваквата положба ја добила благодарение на нејзината наклоност и сега се смета за број два во диктатурата и често знаат луѓето да ја наречат како „Иванка Трамп“, на Северна Кореја.

Оваа мисла е популаризирана кога нацијата беше претставена на Зимските олимписки игри во 2018 година и кога го пофалила Доналд Трамп во име на државата.

Минатиот месец ја обвини Јужна Кореја, поради како што вели земјата била како уплашено куче, по обвинувањата дека била изведена воена вежба. Во пишаната изјава, таа дивјачки ја отфрлила загриженоста на јужниот сосед.

„Такви несоодветни тврдења и постапки, само ги зголемуваат нашите недоверба, омраза и презир кон јужната страна во целина“, напишала таа.

Северна Кореја и понатаму ги ублажува шекулациите за здравјето на својот моментален лидер Ким Џонг Ун и неговото повеќенеделно исчезнување од очите на јавноста.

Минатиот месец се веруваше дека диктаторот починал за време на операцијата на срцето. Но, Ким, неодамна се појави на 1. мај, на церемонијата на отворањето на фабрика за ѓубриво, кога бил виден за првпат по три недели.

Лидерот повторно исчезна, поткренувајќи го сомнежот дека тој е мртов или пак е ставен на апарати. Ваквите сомнежи се зголемија, кога тој не присуствуваше на роденденот на неговиот дедо Ким Ли Сунг, познат како „Денот на Сонцето“. Тогаш за многумина, неговата сестра Ким Јо Џонг се најде во прв план.

Таа би можела да биде потенцијалниот наседник, откако даде низа изјави во име на нејзиниот брат.

 

 

Scroll to Top