Ана Курникова открива совети за топ тело

Поранешната руската тенисерка Ана Курникова има четири правила до кои строго се придржува. Таа не држи диети, јаде сè, но балансирано. Пред појадок, Ана пие чаша вода или јаде зелено јаболко. За појадок на менито е овесна каша или јогурт со бобинки и млеко од соја. Потоа има овошје или авокадо за ужина, додека салата и храна богата со протеини (риба, ракчиња и пилешко) се на менито за ручек и вечера. Курникова не бега од „нездрава“ храна како хамбургери, виршли, но некогаш прави исклучок.

Ана вежба помеѓу 30 и 40 минути дневно. Омилени активности ѝ се трчање (некаде помеѓу 5-6 километри), практикува јога и скокање на јаже.

Истакнува дека секогаш треба да се пробува со нови видови  физичка активност, таа тоа го направила со пилатесот.

Дисциплина, трчање и правилното хранење се доволни, советува Ана за одржување топ форма. Исто така, Курникова уште од мала е навикната на строга дневна рутина, бидејќи нејзините родители биле професионални тренери. Нејзиниот татко се занимавал со борење во грчко-римски стил, а нејзината мајка се занимавала со тенис.


Scroll to Top