Апстиненцијата од секс е лоша за здравјето

Апстиненција од секс влијае на расположението, ама може да има и сериозни последици по здравјето. Испитувањата покажале дека луѓето што немаат секс долго време се соочуваат со неколку здравствени проблеми.

Депресија

Според американските истражувачи, поединци паѓаат во депресија ако живеат без секс. Шансите за депресија се двапати поголеми отколку кај луѓето кои имаат редовен секс.

Ризик од срцев удар

Водењето љубов е одлична активност за циркулација. Некои истражувања покажуваат дека секс трипати неделно го намалува ризикот од срцев удар за 50%.

Пад на имунитетот

Сексот го зајакнува имунитетот. Оние што немаат секс имаат послаб имунолошки систем и склони се кон различни болести.

Дисбаланс на хормоните

Одреден број хормони се испуштаат за време и по сексот, а апстиненцијата може да доведе до неправилно ниво на хормони во телото. Во одредени случаи може да има нагло зголемување или намалување на тежината.

Ниско ниво на самодоверба

Нередовниот секс ја намалува самодовербата, а тогаш мажите и жените знаат да не водат повеќе сметка за себе.

Scroll to Top