Чоколаден колач со банана

Потребни состојки:

1 шолја брашно
½ шолја кокосово брашно
1 супена лажица какао во прав
1 кафена лажичка прашок за печење
½ кафена лажичка морска сол
3 големи зрели банани
¼ шолја растопен путер
¼ кокосово масло
¼ шолја кафеав шеќер
1 големо јајце
1 кафена лажичка екстракт од ванила
1 шолја црно чоколадо

Начин на подготовка:

Во голем сад измешајте ги брашното, какаото, прашокот за печење и морската сол. Во друг сад изгмечете ги бананите. Додадете ги растопениот путер и кокосовото масло и мешајте додека смесата не се соедини. Потоа додадете ги шеќерот, јајцето и екстрактот од ванила. Мешајте додека не добиете изедначена смеса. Потоа додадете ги состојките од првиот сад и мешајте. По желба, може да додадете грст парчиња мека банана. Додадете ¾ од шолјата изрендано чоколадо. Ставете го тестото во правоаголен сад за печење што сте го обложиле со хартија за печење. Останатото рендано чоколадо посипете го озгора. Печете 50-60 минути на 180 степени. Потоа извадете го колачот од рерна и оставете да се олади 15-тина минути. Откако ќе се олади, исечете го на парчиња и послужете го.

Scroll to Top