Италијански брускети со домати

Потребни состојки:

10 парчиња сув леб
Маслиново масло
Босилек
3 домати
Лук, сол, бибер по желба

Начин на подготовка:

Парчињата леб премачкајте ги со маслиново масло и наредете ги во тава со хартија за печење. Печете најмалку шест минути на 180 степени, во претходно загреана рерна. За тоа време исечкајте ги доматите, па измешајте ги со сечкан босилек. Ако сакате и лук, истолчете го и измешајте го со сол и бибер. Извадете го лебот од рерната, па прво ставете на секое парче малку од смесата со лук, а потоа од доматите. Вратете да се пече уште 5 минути. Послужете ги откако ќе се изладат.

Scroll to Top