Колач со малина, бисквити и слатка павлака

Состојки:
За подлога: 210 гр бисквити,  200 мл млеко.
Фил со малини: 300 гр малини, 1 пудинг од ванила, 300 мл вода, 130 гр шеќер.
Фил со слатка павлака: 400 мл слатка павлака, 1 кесичка ванилин шеќер,100 гр шеќер во прав, 300 грама милерам.
Чоколаден прелив: 100 мл слатка павлака, 100 гр млечна чоколада

Фил со малини: Во сад ставете малини, шеќер и малку вода и оставете да зоврие. Во остатокот од водата се додава пудинг и се меша додека не се раствори во водата. Кога водата со малините ќе зоврие, додадете го пудингот (при додавање на пудингот потребно е смесата постојано да се меша). Сето тоа сварете го и оставете го настрана околу 20 минути, додека не се излади филот.

Подлога: За подлогата потребно е бисквитите да се потопат во топло млеко и да се наредат на дното од калапот. После тоа, прелијте ги бисквитите со изладениот фил од малини и оставете ги на страна да се изладат целосно.

Фил со слатка павлака: Изматете ја слатката павлака и додајте го милерамот, шеќерот во прав и една кесичка ванилин шеќер. Сето тоа добро изматете додека не се соедини, па префрлете го филот во филот со малини и рамномерно распоредете.

Чоколаден прелив: Загрејте ја слатката павлака до вриење и прелијте ја и додадете ја млечната чоколада. Мешајте додека целосно да се растопи чоколадото. Прелијте го колачот и ставете го во фрижидер да се излади.

Scroll to Top