Војвотката од Кембриџ, Кејт, во летните месеци редовно јаде специјална салата од лубеница, која ги комбинира слатките и солените вкусови. Оваа салата веќе доби многу обожаватели меѓу луѓето на островот, но и во другите делови на светот.
Состојки: 1 мала лубеница исечкана на парчиња; 200 гр фета-сирење; 1/2 краставица излупена и исечкана; 1 авокадо; 2 супени лажици маслиново масло; 2 лажици јаболков оцет, сок од една лимета, 1 грст листови од нане, сол и црн пипер по вкус.
Салатата од лубеница можете да ја јадете како главно јадење за ручек или вечера, како прилог или како здрава ужина помеѓу оброците.