Луѓето што имаат проблеми со тежината во ЕУ одат на боледување 2,5 пати повеќе од другите

Луѓето кои имаат проблеми со тежина во Европа имале 2,5 пати поголеми шанси да одат на боледување од останатите, покажа истражувањето презентирано на Европскиот конгрес за дебелина во Венеција.

Според истражувањето на 122.598 работници во 26 европски земји, луѓето кои имаат проблеми со тежина толку повеќе земале боледување, наведувајќи болки во зглобовите, дијабетес, депресија или проблеми со срцето, пишува британски Тајмс.

Боледувањето е двојно зголемено во Обединетото Кралство во последните 10 години, намалувајќи ја продуктивноста на британската економија за околу 33 милијарди фунти.

Scroll to Top