Оригинален рецепт за полнети мексикански палачинки

Состојки:
– 2 јајца

– 3 dl вода

– 180 гр брашно

– 1 главица кромид

– 400 гр мелено говедско месо

– половина црвена и половина зелена пиперка

– 2 чешниња лук

– 120 гр сирење

– 1 лажичка мелена пиперка

– 1 дл масло

– мешавина од зачини

Подготовка:

Во соодветен сад измешајте ги јајцата, брашното и водата, посолете и убаво измешајте за да добиете компактна маса.

Од таа смеса испечете осум палачинки. Кромидот и лукот ситно исечкајте ги и на малку масло пропржете ја и пиперката. Додадете мелено месо и динстајте со повремено додавање вода додека месото не омекне.

На крајот од динстањето додадете црвен пипер и зачини по вкус. Врз секоја палачинка се става по една лажица фил од месо, се посипува со малку сирење, па се завиткува.

Во намрсена тава ставете 4 палачинки и покријте ги со половина од приготвениот прелив. Одозгора наредете ги останатите палачинки и премачкајте ги со остатокот од преливот. Се пече во загреана рерна на 200 степени додека не порумени околу 30 минути.

Прелив:

– 80 гр маргарин

– 2 лажици брашно

– 3 дл млеко

– 20 гр пармезан

– 1 јајце

Подготовка:

Растопете го маргаринот, додадете брашно и кратко пропржете. Истурете го млекото и варете на умерена температура, мешајќи додека не се добие соодветната дебелина (подебела од тестото за палачинки).

Во изладениот сос додадете го изматеното јајце и пармезанот, сето тоа убаво измешајте и прелијте го врз палачинките.

Scroll to Top