Полнето бело месо со печурки

Потребни состојки:

400 гр печурки
1 кромид
600 гр пилешко филе
100 гр тврдо сирење
брашно

Начин на подготовка:

Кромидот ситно се сечка и се пропржува, па се додаваат сечканите печурки. Исечете го месото на шницли, а потоа исчукајте го со чекан. Зачинете со сол и бибер од двете страни. Во печурките додајте рендано сирење, а потоа истурете лажица-две врз месото и завиткајте во ролна. Се валкаат во брашно и се пржат на масло.

Scroll to Top