Состојки за париски њоки: 250 мл млеко, 60 гр путер, 125 гр брашно, 1 лажица сенф, 3 големи јајца, 2 лажици масло за пржење.
Подготовка на париски њоки: Во тенџере со средна големина додадете ги млекото и путерот и ставете го на умерен оган. Оставете го да зоврие и намалете го огнот и додадете го брашното со постојано мешање со процесор за храна додека не добиете мазно, еластично тесто кое се одвојува од страните на садот. Префрлете ја смесата во сад со миксер (користете го додатокот за лопатка) потоа додадете го сенфот и мешајте една минута. Смесата ќе изгледа како да се распаѓа, но така треба да биде. Додадете ги јајцата, едно по едно, и матете две минути или додека секое јајце целосно не се вклопи во смесата. Треба да добиете густо тесто, но сепак доволно тенко за да се притисне. Подгответе од тетсото форми на њоки и ставете ги во врела вода да се варата. Варете ги додека не испливаат на површината (околу минута и пол) и потоа извадете ги со решеткана лажица. Префрлете ги во плех или чинија и покријте ги со фолија. Загрејте го путерот во тава и пржете ги њоките додека малку да потемнат и да поруменат. Послужете ги со сос од домати и посипете ги со сирење. По желба можете кратко да ги печете во рерна додека да се растопи кашкавалот.