Состојки:
(за 4 лица)
1 модар патлиџан, 3 лажици путер, 1 главица кромид, 2 чешниња лук, 1 домат, 4 јајца, 1/2 лажичка сол, 1/2 лажичка бибер и 1/2 лажичка морско оревче.
Подготовка:
Целиот модар патлиџан се пече на скара или во рерна загреана на 200 степени околу 20 минути додека не омекне. Оставете го да се излади, а потоа излупете го и исечете го на помали парчиња. Излупете ги доматите и исечете ги на коцки. Во тава растопете го путерот и пропржете го ситно исечканиот кромид додека не стане проѕирен.
Додадете го лукот исечен на ленти и модар патлиџан, па динстајте уште неколку минути. Потоа додадете домати, бибер, морско оревче и сол и динстајте уште пет минути.
Изматете ги јајцата, малку посолете ги, истурете ги во тавата и почекајте јајцата да поруменат.
Омлетот послужете го веднаш со тост леб и јогурт.