Состојки за слатко и зачинето печено пилешко:
1 пиле, 2 лажици масло, 1 чили пиперка, 1 чешне лук ,1 млад кромид, 1 лажица кафеав шеќер,1 лажица соја сос со намалена содржина на сол, ½ лажица свежо рендан ѓумбир, ½ лажичка чадена мелена пиперка во прав, ½ лажичка ким.
Состојки за течноста за натопување:
2 литри вода, 130 гр сол, 100 гр шеќер, 2 супени лажици зрна бибер, 1 ловоров лист.
Подготовка на слатко и зачинето печено пилешко:
Потопете го пилешкото во течноста најмалку еден час пред печење или преку ноќ. Измешајте вода со сол, шеќер, бибер и ловоров лист. Загрејте ја течноста додека не се растворат шеќерот и солта. Целосно изладете ја течноста (можете да додадете и коцки мраз), па во неа потопете го пилешкото.
Во блендер или секач за зеленчук, претворете ги чили пиперките, младиот кромид, лукот и ѓумбирот во паста. Се меша со други зачини и масло.
Извадете го пилешкото од течноста и исушете го темелно со хартиени крпи. Колку повеќе течност отстраните од површината на пилето,, толку покрцкава ќе биде кожата по печењето.
Добиената паста распоредете ја врз пилешкото. Ставете го пилешкото во загреана рерна на 200 Целзиусови степени околу еден час или додека температурата во најгустиот дел од пилешкото не достигне 72 Целзиусови степени. Оставете го пилешкото да одмори најмалку 10 минути пред да го исечете и послужите.