Состојки: 1/2 чаша брашно, 1/2 чаша шеќер, 1 лажица прашок за пециво, 1/8 лажичка сол, 2 лажички екстракт од ванила, 2 големи јајца, 1/3 чаша полномасно млеко, 2 лажици растително масло, 4 големи јаболка (околу 1 кг), шеќер во прав.
За полнење:1/3 чаша шеќер, 1 големо јајце, 3 супени лажици путер, снегулки од бадем.
Подготовка нафранцуски колач со јаболка:
Јаболката излупете ги и исечкајте ги на тенки кришки. Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени. Во голема чинија измешајте ги брашното, шеќерот, прашок за пециво и солта. Додадете ванила, лесно изматените јајца, маслото и млекото и мешајте додека убаво не се соедини. Се додаваат кришките јаболка и се мешаат со раце за добро да се премачкаат со смесата. Калапот за колачи со дијаметар од 22 см лесно премачкајте го со путер и подлогата обложете ја со хартија за печење, а потоа ставете ја смесата внатре. Печете во средината на рерната 30 минути. За филот се мешаат лесно изматено јајце, шеќер и растопениот путер и бадемите по желба. Прелијтеја смесата врз колачот и рамномерно распоредете го преливот врз јаболката и вратете во рерна 20 минути. По желба посипете со шеќер во прав.