Руски педијатар советува: Штом децата имаат затнат нос, ставете им капка од познат еликсир

Московскиот педијатар-отоларинголог Татјана Гарашченко ги советува родителите да им помогнат на своите деца со едноставен, природен лек – еликсир од црвен кромид за затнат нос.

Исчистениот кромид сомелете го во пулпа и потоа исцедете го сокот. На една капка сок од црвен кромид додадете 5 капки вода (која е претходно сварена и изладена).

Капкајте го овој раствор во носот на детето, особено ако студот трае подолго. Една до две капки во секоја ноздра (во зависност од возраста на детето). Тоа можете да го правите 1-3 пати на ден, пренесува „Atma.hr“.

Ако детето одбие, користете пакување со спреј за нос или капнете го растворот на памук, турнете го во неговиот нос и исцедете го сокот, а потоа извадете го.

„Не плашете се од обилниот исцедок од носот: можеме дури и да го третираме синузитисот на овој начин. Со него се врши активно чистење на носот со што се ослободуваат бактериите и вирусите“, вели Татјана Гарашченко.

Екстрактите од црвен кромид се богати со фенолни компоненти. Фенолите и полифенолите од различни растенија инаку се сметаат за групи на соединенија со антимикробна активност, а црвениот кромид се смета за најбогат извор на флавоноиди во човечката исхрана.

Има антиоксидативно дејство, кое зависи од содржината на фенолните компоненти и содржината на флавоноиди. Од флавоноидите, важно е да се истакне кверцетинот, кој интензивно се проучува бидејќи се покажа дека деактивира некои супстанции кои го поттикнуваат растот на туморот. Истражувањата покажаа дека кверцетинот во комбинација со витамин Ц може да има фантастично антивирусно дејство.

Докажано е и нивното антиинфламаторно, антивирусно, антибактериско и антиоксидантно дејство.

Биоактивни компоненти на црвениот кромид покажаа антибактериско и антигабично (антифунгално) дејство.

Посебно помага во спречување на воспалителни реакции кои водат до алергии и астма, па затоа се препорачува за луѓе кои страдаат од болки во грлото и бронхитис.

Scroll to Top