Сок кој го чисти телото од маснотии: пијте го наутро на празен стомак

Честопати треба да го детоксицираме нашето тело, па одвреме-навреме треба да внимаваме каков тип на храна внесуваме во нашите тела. Кога станува збор за црниот дроб, тој е орган кој сам се обновува, но потребно е да се обрне посебно внимание на тоа која храна е погодна за него, бидејќи е еден од најважните органи во нашето тело. За да се ослободите од мастите од црниот дроб, почнете да пиете сок од морков.

Која е функцијата на црниот дроб?
Црниот дроб помага во различни витални функции како варење, метаболизам, детоксикација и слично, а приближно 25% од светската популација е зафатена од заболувања на црниот дроб кои можат да бидат од различни типови како што се хепатитис, цироза, замастен црн дроб, пишува „Sarvodaya hospital“.

Заболувањата на црниот дроб, доколку не се откријат и лекуваат навреме, може да доведат до оштетување на функцијата на црниот дроб и да станат фатални.

Осигурете негово непречено функционирање со напиток од морков кој треба да го пиете наутро на празен стомак.

Морковите се богати со бета-каротин, кој во телото се претвора во витамин А Витаминот А е од суштинско значење за здравјето на црниот дроб, бидејќи помага да се заштити црниот дроб од оштетување. Сокот од морков помага и за подобрување на варењето и детоксикацијата.

Што ви треба?
6 мали моркови
1 мало парче ѓумбир
1 голем лимон
200 мл вода

Подготовка на сок од морков:
Излупете ги морковите, исплакнете ги под млаз вода, излупете го ѓумбирот и излупете го лимонот. Сите состојки (лимон без кора) ставете ги во блендер и убаво изблендирајте. Кога се добро ќе се искомбинира, имате напиток кој треба да го пиете на празен стомак, а после тоа црниот дроб ќе ви биде благодарен.

Scroll to Top