Состојки:
600 гр свинско филе, 50 мл масло, сок од еден лимон, сол, бел пипер, 10 гр брашно, 100 мл бело вино, 150 мл слатка павлака, 20 гр путер, магдонос и 1 лажица смеса од суви зачини.
Подготовка:
Месото исечкајте го на 12 помали шницли, омекнете го со чекан за месо, намачкајте со зачини и посипете со малку сок од лимон. Вака подготвените шницли оставете ги малку да се одморат.
После тоа, посипете ги со брашно од едната страна и пржете ги на загреано масло во тава со набрашнета страна надолу.
Кога шницлите ќе добијат убава светло кафена боја од двете страни, прелијте ги со вино и оставете ги да се динстаат.
Кон крајот измешајте ја слатката павлака, остатокот од лимоновиот сок, биберот и додадете уште суви зачини. Сварете сè заедно, а кон крајот измешајте го путерот.