Потребни состојки:
2-3 тиквички
500 гр. мелено месо
1 главица кромид
1 пиперка
4 лажици варен ориз
малку магдонос
кашкавал по вкус
4-5 лажици доматен сос
Начин на подготовка:
Пресечете ги тиквичките во должина, па издлабете им ја средината и направете чамчиња. Во тава на масло продинстајте го кромидот, додајте го меленото месо, а потоа и варениот ориз. Додајте една сечкана пиперка, па потоа и средината што сте ја издлабиле од тиквичките. Додајте магдонос, доматен сос и зачини по вкус. Наполнете ги тиквичките со филот, ставете ги во тава за печење и покријте ги со фолија, а потоа печете ги во рерна на 200 степени околу 30 минути. Додајте кашкавал и магдонос по вкус, печете уште 5 минути и послужете ги.