Три здрави намирници со кои ќе ги намалите килограмите

Метаболизмот е исклучително важен за функционирањето на сите органи, како и за различни процеси во телото. Благодарение на неговото дејство, клетките во телото се обновуваат, се формираат ензими и се поддржуваат респираторните функции.

Кога метаболизмот не функционира на соодветно ниво, освен разговор со ендокринолог, важно е да се внимава и на начинот на исхрана.

Постојат одредени намирници кои можат да го поттикнат забрзувањето на метаболизмот, а американскиот лекар Еди Хорстман го истакнува следново:

Кајсии
Содржат магнезиум, железо, калиум и растителни влакна кои позитивно влијаат на организмот. Без разлика дали ги јадете суви или свежи, тие се одличен извор на влакна. Влакната ги разградуваат масните киселини и на тој начин се грижат за здравјето на дигестивниот систем. Исто така, влакната од кајсиите преку дигестивниот систем ја поттикнуваат работата на метаболизмот, па се одличен избор за ужина за оние кои се на диета. Во исто време, ефектот може да се види од употребата на свежи и суви кајсии.

Авокадо
Совршен извор на здрави масти и магнезиум. Исклучително е богат со влакна, помага при слабеење и го намалува нивото на шеќер во крвта. Го забрзува метаболизмот и го регулира апетитот.

Боровинки
Тие содржат витамини К1 и Ц, манган, витамин Б6, Е и бакар. Боровинките имаат низок гликемиски индекс и го контролираат нивото на шеќер во крвта, богати се со диетални влакна и позитивно влијаат на метаболизмот.

 

Scroll to Top