Доктори и научници создадоа модел на вештачка интелигенција кој може брзо и ефикасно да открие рак во човечкото тело, побрзо и од начинот на кој лекарите го прават со сегашните методи.
Моделот го изработиле британски научници од Ројал Мадсен фондацијата, Институтот за истражување рак и Кралскиот колеџ во Лондон. Овој метод ги обработува снимките од компјутерска томографија и идентификува дали абнормалните израстоци снимени на нив се рак.

Користеле КТ сканови од 500 пациенти со големи израстоци на белите дробови за да го развијат АИ алгоритамот. По ова моделот е тестиран да покаже дали може прецизно да идентификува канцерогени израстоци. На тестирањето, моделот добива оценка 0,87 (1 е совршени резултати, 0,5 е рандом погаѓање).
Алгоритамот допрва ќе треба да биде искористен кај нови пациенти и да покаже како ќе се снајде со откривање на нови случаи на рак на бели дробови.
За потсетување и покрај хемотерапијата и разните други начини за спречување и лечење, најголемиот успех за сузбивање на ракот е неговото рано откривање.