Здрава „бомба“: пробајте го ова убаво смути со мандарини

Ова смути има освежителен вкус, а неговите состојки му обезбедуваат на телото многу корисни материи кои не штитат од сезонски инфекции.

Пробајте го овој рецепт, нема да се разочарате.

Број на луѓе: 2

Подготовка: 15 минути

Состојки:
3 мандарини, 1 зрела банана, 1 лажичка рендан ѓумбир, 100 гр спанаќ, 1 лажица мед, 1 лажица чиа семе, 100 мл млеко од кокос или бадем

Подготовка:
Излупете ги мандарините и бананата. Земете ги сите состојки и ставете ги во блендер. Изблендирајте и послужете во стаклени чаши.

Напитокот можете да го изладите и во фрижидер. Уживајте!

Scroll to Top