Александар Масевски автор на песната за Јуниорската евровизија

Композиторот Александар Масевски ќе биде автор и продуцент на песната што ќе ја пее Мина Блажев на годинешното издание на Јуниорската евровизија. Песната ќе биде промовирана на почетокот на октомври.

„Јас сум комплетен автор и продуцент на песната на Мина. Песната ќе биде модерна, всушност, мешавина од даб-степ и дабл темпо од истиот ритам, се разбира, спакувана на мој начин. Мислам дека по минатогодишната песна што ја отпеа Мартија публиката и очекува да добие модерна песна од мене“, ни изјави Александар.

Масевски беше автор и продуцент и на песната Love Will Lead Our Way, што минатата година ја отпеа Мартија Станојковиќ.

Јуниорската евровизија годинава ќе се одржи во Тбилиси, Грузија, на 26 ноември.

Scroll to Top