(Галерија) Ања Ветерова го прослави 18. роденден

Поп-пејачката Ања Ветерова, една од ретките музичари кај нас што го посетуваа „Беркли“, го прослави 18. роденден. Таа викендов направи голема забава на која беа нејзините најблиски, многубројни пријатели, соученици и колеги музичари.

Забавата имаше дрескод, па гостите мораа да дојдат облечени во црно-бела гардероба, а Ања беше облечена во бел фустан.

Славеничката беше највесела од сите. Таа за гостите и родителите направи изненадување – трубачи што се појавија на прославата. Пејачката го зеде микрофонот и за мерак на сите испеа неколку народни песни. Кога си заминаа трубачите, Ања за гостите го испеа мегахитот „Деспасито“, по што започна вистинската забава.

На роденденот на Ања гостин беше нејзиниот долгогодишен соработник Дарко Димитров, но и пејачите Виктор Апостоловски и Даниел Данн, кои испеаја по една песна.

На крајот на вечерта Ања ги дувна свеќичките на роденденската торта, а потоа со гостите се префрли во една од скопските летни дискотеки.

Ања годинава е матурантка и сака по матурирањето да се запише на „Беркли“, еден од најреномираните музички универзитети во светот.

Scroll to Top