Македонскиот глумец Висар Вишка се разведе од својата сопруга, водителката Елена Митева. Иако подолго време се зборуваше дека се разделени, сепак, двојката не сакаше да коментира на оваа тема.
Елена и Висар веќе една година не се заедно, а веста ни ја потврди и Вишка.
„Не сме заедно веќе една година. Но, тивко, без кревање врева, како што и го држевме приватниот живот само за нас. Бевме и ќе останеме одлични пријатели затоа што, сепак, имаме еден ангел. Неговата среќа и насмевка се најбитни за нас“, изјави актерот Висар Вишка за „Репортер“.
Елена и Висар се зедоа во 2012 година. Тие го имаат четиригодишниот син Дион. (А. Г.)