Се продава Елена Велевска на футрола за мобилен

Фолк-пејачката Елена Велевска повторно го сврте вниманието кон себе. Овој пат нејзиниот лик е испечатен на футрола за мобилен телефон. Ова е првпат некој од јавните личности да направи ваков чекор. Идејата е за обожавателите на Елена кои сега може да ја имаат како заштитна футрола на своите мобилни телефони.

„Секако дека ова ќе биде патентирано зашто ова е бренд и не може секој да прави имитација на футролите“, вели Велевска. Таа ни откри дека планира да отвори онлајн-продавница во која ќе се продаваат разновидни сувенири, како запалки, маици, пенкала и слично на кои ќе биде испечатен нејзиниот лик.

 

Елена Велевска со години успешно ја гради кариерата со нови песни, како и со секојдневни настапи кај нас и надвор од земјата. Таа е единствената што склучи договор со бугарската продуцентска куќа „Пајнер“ за која сними и песни на бугарски јазик. Честопати знае да рече дека нејзините колеги ја озборуваат зад грб, а од друга страна, барат начин како да успеат надвор од земјава.

Таа е позната и по хуманитарните активности. Неодамна донира спортска опрема за децата фудбалери од Охрид, често донира за децата со посебни потреби во нејзиниот град, а им помагаше и на настраданите од поплавите во Скопје.

Scroll to Top