Меркел се противи на вакцините, но ја наметнува задолжителноста на вакцинацијата

Германската канцеларка Ангела Меркел неделава преку видеопорака ги повика германските граѓани на вакцинација, истовремено изразувајќи противење на воведувањето на задолжителната вакцинација.

„Повеќето модерни вакцини се создаваат на тој начин со цел нуспојавите се сведат на нула“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

Досега не е забележан пример кога една премиерка на една држава на ваков начин ги повикува граѓаните на вакцинација?

Таа се противи на вакцините, но сепак ја наметнува задолжителноста на вакцинацијата.

„Постојат болести како осипи, нешто за кое е забележан пораст во последно време. Во вакви случаи вакцинацијата навистина може да помогне“, изјави германската канцеларка, присетувајќи се на вакцинацијата против детската парализа уште во периодот за време на нејзиното детство.

Истовремено канцеларката изрази противење на обврзувачката вакцинација, укажувајќи на значењето на правата на граѓаните и на самосвојственото носење на одлуките.

„Како самосвесни граѓани кои можат сами да одлучуваат за сопствената судбина, можеме да се одлучиме за вакцинацијата за или против неа“, изјави Меркел, додавајќи дека во Германија голема важност се придава за тоа да секој граѓанин може да донесе одлуки на база на сопствено убедување“.

„Препреките поставени пред државата на патот кон воведување на задолжителност и обврска за секој Германец кон вакцинирање, се многу високи“, изјави Меркел алудирајќи на историската разделба од периодот на националсоцијализмот, во кој правата на граѓаните беа драстично ограничени.

Во Германија родителите се обврзани да одат на советување со лица одговорни за вакцинацијата, пред да го запиштат детето во градинка, но обврската за примање на вакцината не постои.

Тематскиот повод на канцеларката со ваквата видеопораката е да го одбележи Светскиот ден на борбата против детската парализа. Настан кој се одбележува секој 28 октомври.

 

 

Scroll to Top