Постојат различни видови на интелегенција, а исклучително интелегентните луѓе можат многу лесно да се препознаат по тоа што тие никогаш нема да ги направат овие пет работи.
Не ги криват другите за своите неуспеси
Интелегентните луѓе никогаш не добиле непреодна оценка „затоа што професорот ги мрази“, или затоа што „не бил расположен“.
Шефот нема „ништо против нив затоа што е љубоморен“, а за љубовните неуспеси, никогаш не ги криви само своите партнери
Тие знаат дека причината за својот неуспех мораат да ја побараат во своите одлуки и постапки, а вакви искуство им служи да научат нешто ново.
Знаат дека не се секогаш во право
Сос нив не може да се разговара за се, тие не го слушаат само својот глас, туку се обидуваат да ги уважат туѓите ставови и мислења.
Отворени се со умот и ќе го променат својот став за нешто ако сватат дека немале издржани аргументи.
Не се агресивни
Кога ќе се појави некој проблем, интелегентните луѓе не викаат и не влегуваат во физичко решавање на конфликтите. Тие реагираат смирено, и го пронаоѓаат решението со разговор.
Имаат разбирања за другите.
Сочувствителни се, и помагаат на другите, дури и кога тоа од нив не се бара, и на сите радо им помагаат да ги остварат своите цели и се обидуваат да им покажат дека и тие можат да бидат успешни.
Ретко зборуваат негативно за другите и ретко ги критизираат туѓите животни одлуки, пишува „Биснис инсајдер“