Одредени фармацевтски компании биле вклучени во стравичен криминален бизнис кој се засновал на ширење вирус на птичји грип, за да се докаже опасноста од оваа болест и со самото тоа, да обезбедат поголема побарувачка на вакцини.
Ова го тврдат италијански инспектори кои се уште се обидуваат да пронајдат докази за овие тешки обвинувања, но како што наведуваат, сигурни се дека бројни вируси се испраќаат од континент на континент како безначајни и безопасни пратки, па така изостануваат секаква контрола, а овозможуваат лесно распространување и заболување
Кандоли во текот на признавањето говореше и за штетата на таканаречениот информативен тероризам, во кој биле вклучени медиумите, а кои на основа на податоците на СЗО ширеле вести за опасностите од вирусот. Италијанските власти одлучија истрагата да ја истераат до крај, а во тоа им помага и влијателниот весник Еспресо, кој на таа тема го посвети речиси целиот нов број.