(ФОТО) Најзгодниот робијаш ја изневери, а таа по 8 години брак бара развод

Кога дојде дома, повторувал само колку му е жал…По фотките на кои, најзгодниот криминалец на светот Џереми Микс, заврши во прегратка на Клои Грин, ќерката на британскиот милијардер и сопственик на брендот „Топшоп“, неговата сопруга Мелиса побара развод со пораката дека тоа што го направил е непростливо.
Мелиса во ексклузивно интервју за Дејли Мејл, изјави дека нивниот брак е завршен.
„Кога дојде, повторувал дека му е жал затоа што тоа не го заслуживме. Разговаравме за разводот и му реков дека нашиот брак не може да биде спасен. Се согласивме дека тоа е единствено решение“, изјави Мелиса.

Foto: Profimedia/Abaca

Да потсетиме, Џереми претходно овој месец на луксузната јахта на Медитеранот беше фатен во прегратка со ќерката на британскиот милијардер. Откако од медиумите дознала за оваа афера, неговата сопруга, која му била поддршка додека бил во затвор, му рекла дека уште е во брак со Џереми, и дека тоа е нејзиниот единствен коментар.

„Бев во шок. Чувствувам мачнина. Како бомба да падна и го сруши целиот мој свет. Никогаш не сум слушнала за Клои Грин, а мислев дека Џереми работи“, изјави Мелиса.

Foto: Profimedia/Abaca

Иако за се го обвинува Џереми, Мелиса вели дека не може да свати ни да ја оправда Клои, затоа што знаела дека е оженет.

„Се разбира дека сум гневна, и на неа и на него. За мене тоа е непростливо. Срцето ми се скрши, а светот ми се сруши. Што да им кажам на нашите деца? Дали некој од нив размислувал за тоа како, сето ова, ќе влијае на децата? Тие се невини жртви на сето ова“, изјави Мелиса.

Foto: Instagram/Melissa Meeks

Џереми и Мелиса во брак се осум години и имаат седумгодишен син, а Мелиса од претходната врска има 11 годишен син и 16 годишна ќерка.

Foto: Profimedia/AFP

Џереми Микс (33) титулата најзгоден криминалец ја доби откако неговата фотка беше објавена на Фејсбук страницата на полициската станица во Стоктон во Калифорнија.

Foto: Tanjug/AP

Во затвор беше од 2014 година, поради илегалното поседување на оружје и учество во вооружен грабеж, а добар изгледот му донесе и договор со агентот кој му овозможи да се бави со манекенство.

 

Scroll to Top