Од звуците на вистинскиот сиров рапер, Млата и Микри, кои рапуваат за животите на многу баскетџии од крајот. Оние кои оставиле пот, солзи и крв на терените. Некои останаа анонимни јунаци, а некои станаа големи светски ѕвезди. И тие се пронаоѓаат во песната.
Секој кој некогаш застанал на терен за баскет, ќе ја засака оваа песна „на кец“, и во тоа нема сомнеж.
Спотот за овој летен хит, во кој се појавуваат уште познати српски рапери, го потпиша Бојан Загорац, а вас ве оставаме да уживате во наредните неколку минути.