Пејачката која можете да ја затекнете на најчудните и несекојдневни места, сигурно е Љупка Стевиќ!
Покрај тоа што повеќето од времето го минува во лов (нешто што не го прави ниту една жена на естрадата) Љупка ги обиколува и земјиштата под белградските мостови, за да најде идеално место за инвестирање.
Репортерите ја затекнаа под еден од мостовите на Белград, а кога и пренесоа дека слушнале за тоа како голем дел од парите кои ги заработила, сака да ги вложи во приватен бизнис, малку се збунила.
„Закупивме земјиште, директно под мостот. Единствено што во овој момент може да направам е картон населба! (се смее). Толку се изнатрошив“, се пошегува Љупка, која пак откри дека има желба да отвори свој ресторан.
„Тоа е моментален занесен бизнис, затоа што луѓето не мораат ништо да работат, но мораат да се облекуваат и мораат да јадат“, изјави пејачката.
Репортерите ги интересираше дали можеби ќе си купи и свој брод, а тогаш откри непознат детал за себе.
„Јас сум капетан. Зборувам реално, да не мислиш дека се шегувам… На Воената академија ја завршив обуката за капетан, за скипер, така да во овој момент можат да направам брод до сто тони“, изјави Љупка.
„Во последните години, со денови доста настапував по Хрватска. Претежно бев ориентирана на Сплит, и нивното крајбрежје. Таму луѓето реагираат еднаш на 10 пати подобро од кога било овде во Србија. Се разбира, и кај нас е добро, но јас не можам да верувам… Толку воодушевени, па ги пејат сите наши стари хитови… Јас не можев да верувам дека таков налет на емоции ќе не стигне“, ги сподели Стевиќ своите впечатоци:
Комплетниот хит на снимката под мостот погледнете ја на видеото на следниот линк: