Победникот на „Ѕвездите на Гранд“ и миленик на публиката од целиот регион, маестралниот Ристе Ристески продолжува со турнејата низ целата земја.
На 21-ви јули, во петок, закажано е „ноќно пливање“ и многу музика со почеток во 21 часот на популарниот базен „Олимпик“ во Кратово, додека наредниот ден, во сабота (22-ри јули) е резервиран за топ журка во клуб „Ривер“ во Делчево.
Ристески активно работи на својата прва авторска песна која ќе биде објавена под чадорот на најголемата српска продукција „Гранд“.