Како што е обичај, познатите личности често се ангажирани од различни компании за нешто да промовираат, или, пак, нешто да направат за нив, затоа што нивното име во голема мера го продава секој производ.
Една меѓу нив чие име и тоа како може да влијае на продажбата и популарноста е Викторија Бекам, некогашната „Спајсица“, а денеска една од ценетите модни дизајнерки, која успеа да со својата работа, направи да не ја паметат само по тоа што е сопруга на познатиот фудбалер. Но, некогаш во своите делувања, и ангажирања, умее „дебело“ да погреши.
Компанијата „Land Rover“, која се занимава со производство на автомобили, ја ангажираше да смисли и да работи на дизајнот на внатрешноста, односно на самиот енериер на новата линија на возила на „VB Evogue“, за што направи одлична работа, но, направи и еден голем блам, на претставувањето на овие автомоибли во Кина.
На прашањата на новинарите во врска со целата работа која ја имала, Викторија изјави: Дизајнирав автомобил кој би сакала да го возам, а сигурна сум дека би го возел и Дејвид“,
Оваа изјава изгледа го збесна еден од директорите на Land Rover, Гери Меговер.
После ова, Меговер изјави дека Викторија не дизајнирала автомобил, туку само неговиот енериер, и очигледно инзервиран по таквата изјава која не била во сценариото, испрати дури и навреда на нејзина сметка изговарувајќи дека тој веројатно повеќе во животот, заборавил работи, отколку што таа би била во состојба да научи за дизајнираењто на автомобил.
Викторија се оправда така што рекла дека таа реплика ја изговорила намерно, не сваќајки всушност како ќе ја разберат, а Меговаер сепак изјави дека не сака повеќе да соработува со неа, иако од оваа компанија наведоа дека соработката продолжува.