КОНЕЧНО СЕ ОГЛАСИ! – Што кажа Ана Севиќ за тоа дека го изневерила Дарко Лазиќ, со Аца Лукас

Пејачката имаше што да каже на овие приказни кои се појавија во поедини медиуми.

Веќе неколку недели се пишува и зборува за наводната афера меѓу Ана Севиќ и Аца Лукас. Иако таа приказна всушност кружи речиси две години, ниту еден од актерите, досега не се огласи по тој повод. Но, Ана Севиќ сега сепак даде коментар на темата на нејзиниот однос со Лукас. Иако не беше претерано речита, Ана нагласи дека станува збор за невистина.

„Поради нашето нереагирање на сите овие глупости, кои се пишуваа за нас, и насловите кои немаат врска ни со текстот, а камоли со вистината, на сите треба да им биде јасно дека ние го живееме нашиот живот, и си ја гледаме нашата работа“, изјави Ана Севиќ за магазинот „Story“.

 

Да потсетиме, Ана и Дарко пред недела дена го прославија третиот роденден на ќерката Лорена, и од тогаш одбиваа да коментираат на темата Аца Лукас. Потоа, Ана и Дарко престојуваа во Црна Гора каде на прославата на дискотеката „Трокадеро“ се сретнаа со Аца и се поздравија. Во врска со тоа, очигледно дека пејачиите се во добри односи.

 

Scroll to Top