Јована и Жељко Јоксимовиќ се запознаа во 2008 година, а освен краткиот прекин во врската на самиот почеток, и двата немале поголеми проблеми и скандали.
Јована во тоа време беше вработена на Радио-телевизија Србија, но, многу брзо откако вплови во врска со Жељко престана да работи на РТС.
Иако никогаш не можела да зборува за причините за своето заминување од РТС, сепак дојде време да некои работи се откријат, па Јована тоа сега и го направи. Како што објасни, медиумите во тоа време многу притискаа, што предизвика прекин во соработката со РТС.
„Тоа мене ми направи проблем на работа. Тоа беа седум, осум недели на насловната страна на сите таблоиди. Тоа ми направи голема штета и тоа е една од причините поради која повеќе не сум на РТС“, изјави Јована.