Популарната водителка Јована Аврамовска која јавноста ја запозна преку утринската програма на ТВ Сител, а своите „5 минути слава“ ги доживеа со проектот „Фчерашни новости“ на ТВ Телма, нема да се појави во третата сезона – причина е новата работа како раководител на пи-ар службата на Министерството за финансии.
Продолжува практиката која прв од министрите на новата влада ја започна новиот министер за здравство – Арбен Таравари за кого беше објавено дека без никаков јавен оглас на негова лична покана одлучил да ангажира пи-ар менаџер.
Аврамовска пред некое време ги заврши студиите на Економскиот факултет во Скопје, а јавноста ја запозна преку проектот „Фчерашни Новости“. Таа порано беше и дел од утринската програма на ТВ Сител, но тој ангажман заврши неславно. Порталот емагазин.мк објави дека Јована во министерството доаѓа на покана на Бранимир Јовановиќ, повторно без јавен оглас.