Иако секогаш воглавно ја гледате средена и нашминкана, како на малите екрани, така и во секојдневниот живот, на плажата Сандра Африка, сепак мораше да се одрече од тие методи и да се разубави и да се покаже во своето природно издание.
Сандра со колешката Љупка Стевиќ уживаше во Црна Гора, поточно на плажата во Будва, од каде ги објави и овие селфиња во бикини.
Очигледно е дека Сандра нема апсолутно ни тронка шминка на своето лице, бидејќи се гледа и по некоја бубулица, а судејќи според комплиментите кои ги доби, може и почесто да се појавува „несредена“.