(ВИДЕО) Монструозни сцени кои го згрозија Балканот – Убија мече, а потоа славеа со селфиња

Мечката е убиена пред неколку дена, во летувалиште покрај Бањалука…„И додека вистинските херои низ целиот регион во последните недели се борат со огнот, неколкумина до заби вооружени мажи во БиХ, тргнаа во војна против младото и видно мршаво мече“, ја започнува својата приказна Дневни аваз.

Епилогот од својот крвав пир гордо го споделија на Фејсбук, а вознемирувачките фотки, и видео позирања со убиеното животно, покренаа вистинска лавина на реакции на гневни и огорчени луѓе.

 

„Ноќта без страв во Рекавицама“, судејќи според таа реченица, која над галеријата на потресни фотки, на Фејсбук напиша Драгиша Товиловиќ, мечката е убиена пред неколку дена, во летувалиштето покрај Бањалука.

По крвавиот пир, дваесетина „херои“, со шишиња во рацете, позираше покрај мртвото животно, кое лежеше во крв. Да работата биде подегутантна, на снимката се гледа дека целиот крвав настан се одигра пред очите на две малолетни деца, кој во еден момент, му се приближија и со рацете го помазија убиеното мече.

 

По вознемуравичките фотографии, убиството на младото животно со молскавична брзина, почна да се шири на социјалните мрежи, и сите кои го видоа почнаа да „торпедираат“ со коментари, и да ја решетат екипата која славеше, пиеше и правеа селфи, а потоа го влечеа мртвото мече за уши. Недолго потоа, „храбриот“ Драгиша го тргна дегутантното видео, а неколку часа подоцна, и сите фотки од неславната „победа“ на вооружената група, над недолжното мече.

 

Scroll to Top