Еден веројатно разочаран родител постави понуда на студентската книшка на синот, кој очигледно не бил брилијантен низ годините на факултетот, а со сликата на индексот приложен е и краток опис:
„Со оглед на тоа дека поминаа веќе 4 години, индексот би требало да биде прилично поплнет, но овој редок примерок на мојот син генијалец е како нов.
Индексот е зачуван, без никакви траги на користење, и штета е да стои неискористен.
Интересно е само да се види на кого му е потребен празен индекс.