Стефан Ѓуриќ – Раста вчера стана татко, откако неговата сопруга Ана Николиќ на свет ја донесе нивната ќерка Тара. Раперот не го крие воодушевувањето од приновата.
Тој на Инстаграм веднаш после породувањето објави заедничка фотографија со својата сопруга, а напиша и емотивен статус со кој ја обелодени својата емотивна состојба.
Тој во болницата кај што се породи Ана носел маица и шорц, а на главата имал наочари за сонце и шешир. Во еден момент кога го симнал шеширот сите можеле да се уверат дека тој од среќа за ќерката го сменил и имиџот. Ѓуриќ на главата ги немал своите познати суканици и бил ошишан скоро на нула.
Еве како изгледа тој без неговата доскорешна позната фризура.