Моментално најбукираниот македонски изведувач, Ален Хасановиќ пред само две недели ја промовираше својата најнова песна насловена како „Волим те“, а веќе почна одлично да заработува од неа.
Новата песна има повеќе од 300.000 прегледи за рекордно брзо време. Каверот за темата „Исплачи се биче ти лакше“ има милион прегледи, додека „Донеси дивље мирисе“ два милиона, а сето тоа му носи одлична парична заработка особено ако се земе во предвид дека видеата на Ален се гледаат во цела Европа.
Од менаџментот на неговата матична продукција велат дека Хасановиќ е букиран до почетокот на следната година, а на неговото конто до крајот на месец август треба да легнат илјадници евра.