Пејачот Аца Лукас важи за еден од најголемите музички професионалци, и не е фраза кога за него ќе се каже дека попрво би умрел, отколку да го откаже настапот. Сепак, вчера се случи, да токму здравствената состојба не му дозволи да отпатува и да одржи концерт во Сребреник.
Поради тоа што веднаш почнаа медиумските шпекулации, „дека работата е сериозна“. Лукас на својствен начин откри за медиумите, што навистина му се случило, од што му се слошило, и како му е сега.
„Поради тоа што речиси сите новинари во Србија ги интересираше дали сум се опил од маки, дали се предозирав од тага, дали ме допре писмото на Сања, пораката на Ана Севиќ, или можеби ми се јавил Јариќ, морам ексклузивно да откријам дека работата вчера навистина беше сериозна“, сериозно не ме загрижува, за се што ќе напишат за мене или измислат некоја причина за откажувањето на концертот. А таа болка баш во тој дел на телото знае да биде чудо“, вели Аца и додава дека навистина му е жал што не се појавил на настапот:
„Дваесет дена по ред сум работел и вчера дури ни инфузијата не ми помогна да седнам во возилото и да одам на настап. Размислувам да отидам и таков, но буквално не можев.