Ова е чудно, со оглед на тоа што фотoграфиите од породувањата обично ги прикажуваат исцрпените мама и бебе во класичен породилен шок, со првиот плач или, уште позбунувачки, несвесен изглед типичен за новороденчињата.
„Не помислив дека најдрага фотографија во животот ќе ми биде токму оваа, од породувањето, ненаместена, на која сите тројца изгледаме така добро.
Спомен за цел живот“, напиша познатиот бразилски модел и новопечена мама Тиаз де Мари, која навикнала да биде пред камерите и фотоапаратите, но никогаш не била без шминка.
.
Сепак, главна ѕвезда на фотографијата не е прекрасната мама туку бебенцето, кое е родено со насмевка што буквално не ја симнува од лицето.
.